еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 115 лица

Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден нов случај со Ковид- 19.

Од потврдените први два случаи на 26 февруари до сега вкупната бројка на заразени е 180, од нив шест од Центар Жупа. Оздравени се 59, починаа шест од нив, две лица од Центар Жупа.

Активни на болеста се 115, а од нив десеттина се хоспитализирани на Инфективната клиника и во болницата “8 Септември“ во Скопје.

Од вкупната бројка дури 129 заболени се во втората фаза на болеста, односно од петти јуни до денес, додека 26 од нив се во последните седум дена.

Непочитувањето на мерките за заштита и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти, според надлежните, се главната причина за ширењето  на заразата.

Според полициската статистика во изминатото деноноќие за неносење лична заштита, во Дебар на три лица им се издадени прекршочни платни налози.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест нови случаи со Ковид-19 во Кичево

Има и нов кластер: Седум нови случаи со Ковид-19 и седум оздравени во кумановско

Починaa шест нови лица од Ковид-19, пет пациенти од Скопје и еден од Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца пациенти од Ковид-19

Редакција

Толку беше од САД: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел

Редакција

15.000 вакцини ќе бидат аплицирани неделава

Редакција