еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Европа има се поповолни услови за ширење на комарци кои пренесуваат опасни болести

Со тендот на затоплување, сè почестите и сериозни топлотни бранови и поплави во Европа и се подолгите и потопли лета, условите за ширење на инвазивни видови комарци кои носат болести се сè поповолни, предупреди Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Видот на комарци Aedes albopictus, познат преносител на вирусите чикунгуња и денга, се етаблира понатаму на север и запад во Европа, истакнува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Комарецот Aedes aegypti, за кој е познато дека ги пренесува вирусите на денга, жолта треска, чикунгуња, зика и вирусот западен Нил, се одомаќини на Кипар од 2022 година и може да продолжи да се шири во други европски земји.

Европа се соочува со тренд на затоплување каде топлотните бранови и поплавите се се почести и посериозни, а летата стануваат подолги и пожешки, создавајќи поповолни услови за инвазивните видови комарци, како што се Aedes albopictus и Aedes aegypti.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 200.000 починати од корона вирусот во светот

Редакција

„На премиерот му треба советник за советници“: Твитер реакции за тоа кој го советува Заев

Редакција

(Фото) Со Тримерскиот ручек денеска заврши Струмичкиот карневал 2024

Редакција