еМагазин
Image default
Бизнис

Во февруари издадени за 39,5% повеќе одобренија за градба

Во февруари годинава се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39,5 отсто повеќе во однос на тој месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.586.656 илјади денари, што е за 50,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 205 или 59,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 31 или девет отсто за објекти од нискоградба и 110 или 31,8 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 346 објекти, на 214, односно 61,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132, односно 38,1 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 78 721 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

Штетата до сега 9 милиони денари: Четврт ден блокиран железничкиот сообраќај

Редакција

Од првиот лет во Македонија со „Виз ер“ досега летале 11 милиони патници

Редакција