еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во февруари намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на истиот месец лани е намален за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен во февруари годинава во однос на февруари лани бројот на работници бележи опаѓање од 6,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,9  проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти, Капитални производи за 2,3 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, е намален за 3,8 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранимир Јовановиќ: И окови да им се стават на текстилните работнички

Редакција

Пад на просечната плата во Македонија

Редакција

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

Редакција