еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Кина откриен нов вирус, повторно се стравува од пандемија

Кинеските научници предупредуваат дека откриле нов вирус што е сличен на свинскиот грип од 2009 година, пишува Би-Би-Си.

Вирусот може да се пренесе на луѓето, а за негов главен носител се сметаат домашните свињи.

Истражувачите се загрижени дека вирусот може да мутира, да стане лесно пренеслив од личност до личност и да доведе до нова епидемија.

Вирусот до денеска не се покажа како проблем, но научниците велат дека ги покажува сите знаци на брзо прилагодување на луѓето и има потреба од внимателно следење.

Последната пандемија со која се соочи човештвото пред сегашниот бран на коронавирусот беше свинскиот грип од 2009 година, што почна во Мексико.

Таа, за среќа, не се покажа толку смртоносна како што стравуваа експертите. Се покажа дека постарите лица имаат одредени нивоа на имунитет, што веројатно значи дека имало слични бранови на болеста во минатото.

Тој вирус, што беше наречен A/H1N1pdm09, е вклучен во годишните вакцини против грип и се смета дека ги штити луѓето.

Новиот вирус, откриен од кинески научници, е сличен на свинскиот грип, но има некои разлики. Истражувачите го нарекоа G4 EA H1N1 и велат дека може да се сместува и да се размножува во клетките, што ги покриваат дишните патишта на човекот.

Вирусот е пронајден кај работници во кланиците во Кина. Сегашните вакцини против грип не штитат од него, но експертите велат дека препаратите може да се модифицираат и да понудат заштита од G4 ЕА H1N1.

МИА/Фото: ABC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Скопје ќе се градат филмски студија во кои ќе се снимаат холивудски филмови, најави американскиот актер Џон Малкович

Редакција

Нови 404 случаи на Ковид-19 од 1.524 тестирања

Редакција

Бугарија до мај треба да го смени законодавството за слободно здружување на Македонците или ќе ја ја исфрлат од Советот на Европа, тврди адвокатот Менкиноски

Редакција