Во кои скопски општини има заразени со западно-нилска треска

Бројот на заразени со вирусот Западен Нил во Македонија се зголеми на 20, откако беа регистрирани седум нови случаи.

Како и досега и новите случаи се од скопски општини. Од вкупниот број на заразени само едно лице е од Велес, а другите се од скопско.

Како што веќе пишуваше еМагазин, најголем дел од заразените со западно-нилска треска се од скопската населба Драчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Драчево има најмногу заразени со западно-нилска треска

Од новите заразени лица по две се од општините Кисела Вода и Гази Баба, едно е од Општина Илинден, едно од Општина Бутел, и едно од Општина Аеродром.

Тие се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Драчево има најмногу заразени со западно-нилска треска

Од вкупниот број на заразени 15 лица се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. На Клиниката е хоспитализирано уште едно лице за кое има сомнеж дека се заразило со вирусот.

Тројца од вкупниот број на заразени се во критична состојба и се интубирани. 

Вирусот не се пренесува од човек на човек. Преносител на истиот се комарците и дивите птици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести