Извозот на нафтените деривати од Македонија лани изнесувал 308.456 тони, и истиот во однос на 2024 година (330.673 тони) е намален за 6,72%, покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.
Најголемо учество во извозот на нафтени деривати во 2025 година има ОКТА АД Скопје со 85,23%, ЕКС ФИС со 9,59%, Макпетрол АД Скопје со 3,01%, и Супертрејд ДООЕЛ Скопје со 1,30%.
Останатиот извоз од 0,87% е реализиран од страна на другите трговци.
Во 2025 година најмногу е извезено дизел гориво, односно 37,40% од вкупниот извоз, потоа следуваат млазно гориво со 36,28%, моторните бензини со 22,82% и мазутот со 3,49%.
Кај бензините има раст на извезените количества за 15,11% во однос на 2024 година, а има раст и во извозот на млазното гориво, за 13,19%.
Значителен пад има во извозот на дизел горивата и истиот е намален за 27,80% споредено со претходната година, а има и намалување од 0,71% кај извозот на мазут.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати
Кои се најголемите увозници на нафтени деривати во Македонија
Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани
Фото: Унсплеш














