еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има еден нов хоспитализиран пациент, а вкупно се лекуваaт 34

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е работа на Владата да го решава проблемот со превозниците во Скопје, вели Ковачевски

Редакција

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Редакција

Обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службената положба

Редакција