еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваат 433

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 433 лица сомнителни и потврдено за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за Нефрологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани петмина болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на
Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 18 болен.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 135 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 47 пациенти.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Безбедносните структури утрово упаднале во кампот пред Собранието и направиле претрес, велат од Левица

Редакција

Барањето за екстрадација на Палевски од Турција е испратено

Редакција

Убава вест: 309 оздравени од Ковид-19

Редакција