еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 446

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

“Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Јакимовски доби 30 дена притвор

Редакција

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Редакција

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници

Редакција