еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 384

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 8 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 358 случаи на Ковид-19 од 2.275 тестирања, во Скопје 173

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 360 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Алијанса за Албанците: Резерви за веродостојноста на Пописот, ги анализираме резултатите

Редакција