Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 596 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не билe примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 41 болен,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ