еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 932 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 76 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 98, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 23 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 37, Кавадарци 57, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.528 и има околу 550 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украден монитор од бугарскиот културен центар во Скопје, за бугарското МНР тоа е „напад врз самата бугарска држава“

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција