еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Украден монитор од бугарскиот културен центар во Скопје, за бугарското МНР тоа е „напад врз самата бугарска држава“

Синоќа од бугарскиот културен центар во Скопје е украден монитор од компјутер, информираше Министерството за внатрешни работи.

-Денеска (16.03.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во објект на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на подрачјето на Центар во Скопје, при што од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

За кражбата остро реагираше бугарското Министерство за надворешни работи, кое ова го нарече „напад врз самата бугарска држава“, пренесуваат бугарските медиуми.

Македонската амбасадорка Агнеза Руси-Поповска во Софија била повикана во министерството, каде ѝ било посочено дека овој инцидент „се случува во услови на долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“.

„Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Северна Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид на клубот, кој беше отворен на 25 ноември 2022 година.

Без разлика на мотивацијата на сторителите, делото е напад врз самата бугарска држава, олицетворена во државната институција. Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на Културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града“, изјави портпаролот на бугарското МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недолично во ек на пандемијата: Видео на Фејсбук-страницата на Филипче во кое се исмева барањето на опозицијата за негова оставка

Редакција

Се беше во ред додека не настапија специјалците на ЕБР, велат жителите на Вевчани за вчерашниот инцидент

Редакција

Мухамед Зекири: Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Вељаноски

Редакција