еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Недолично во ек на пандемијата: Видео на Фејсбук-страницата на Филипче во кое се исмева барањето на опозицијата за негова оставка

На официјалната фејсбук-страница на министерот за здравство, Венко Филипче беше споделено видео со папагал во кое се исмева постојаното барање на опозицијата за оставка на првиот човек во здравството, а во кое се прикажани и инсерти од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и партиски активисти кога не ги почитуваат мерките.

Факт е дека преставници на опозицијата во многу наврати покажа дека не ги почитуваат мерките, барањето за оставка е нивно легитимно право, видеото можеби е смешно, но е недолично во екот на пандемијата.

По реакциите видеото беше тргнато од Фејсбук-страницата на Филипче.

Добро е што министерот (се надеваме) на крај сфатил дека ама баш не е време за „бистрење„ политика.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Изобилство од елеганција: Се отвори првиот ХоРеКа центар во земјата

Редакција

Вкупно 376: Починаа уште 8 пациенти од Ковид-19

Редакција

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството започна истрага за набавката на софтверот и бара притвор

Редакција