еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски

Во Кривичниот суд за денеска е најавено ново рочиште за предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев.

Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Бизнисменот Фијат Цаноски најави дека ќе бара отштета од 55 милиони евра, колку што ги цени неговите загуби од уривањето на станбено-деловниот комплекс.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски со убави спомени и крената глава

Редакција

Има можност и пред март да пристигне одредена количина вакцини против Ковид-19, вели Филипче

Редакција

Левица: Од утре ништо нема да биде исто, не не изненадуваат обидете за саботажа

Редакција