еМагазин
Image default
Македонија

Во Куманово 15 новозаболени од корона вирусот, во Липково 9

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа регистрира 24 новозаболени од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од здравствената установа.

Од нив, 15 се во Куманово, а девет во Липково.

„Во Куманово после месец дена имаме поголем број на заболени. Новорегистрираните од Липково, пак потекнуваат од веќе познати кластери“, изјави директорот на установата, д-р Ариф Љатифи.

Посочи дека во Куманово меѓу 15-те новозаболени, има три медицински сестри и едно лице од техничка служба од болницата, четворица пазарни инспектори, еден новозаболен е од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а еден е лекар кој работи во Скопје.

Денеска се извршени 40-тина тестирања од кои 25 во Липково, останатите се по „Мој термин“ и по однос на епидемиолошки индикации. До крајот на денот се очекува да се тестираат уште десетина лица.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар се изедначи со Аеродром по бројот на заболени со корона вирусот, Чаир останува на врвот

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

Починаа двајца нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 171

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 521 казна за неносење маска

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува за РЕК Битола е за период од 18 месеци, велат од СДСМ

Редакција

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Редакција