еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Актерката Силвија Стојановска обвинета за меѓународен шверц на кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против актерката Силвија Стојановска како второобвинета и нејзиниот сопруг како првообвинет за шверц на кокаин од Колумбија.

„По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка.

Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како повеќе лица, земале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога – кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грам.

Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на наркотична дрога – кокаин од Р. Колумбија до Мадрид, Кралство Шпанија и барале купувачи на истата.

За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i).

Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина осликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејствие посебно за да се реализира намерата и да се заработи од неовластената продажба на наркотичната дрога кокаин, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на РС Македонија, обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата“ се вели во соопштението од обвинителството .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Фото: Фејсбук/Стојановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбата со болниците е стабилна: ГОБ „8 Септември“ и болницата Козле постепено се враќаат на редовното работење

Редакција

29 од новопочинатите од Ковид-19 со претходни заболувања, 1 лице починало надвор од болница

Редакција

Мицкоски за „бомбите“: Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Заев

Редакција