еМагазин
Image default
Македонија

Во Македонија гласале само 461 етнички Бугари, најмногу гласови добиле Борисов и Каракачинов

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) на Красимир Каракачанов добија најголем број гласови од бугарските граѓани кои вчера гласаа во земјава на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

На седумте отворени избирачки места во земјава гласале вкупно 461 лице, а најголем број или 172 своето избирачко право го искористите во Амбасадата на Бугарија во Скопје.

За ГЕРБ гласале 127 бугарски избирачи, за ВМРО-БНД 91, Продолжуваме со промените на Кирил Петков добила 69 гласа, Демократска Бугарија 38, Преродба 30, а 22 бугарски граѓани својот глас го дале за Има таков народ на Слави Трифонов.

Според последните податоци на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК), како што пренесува БТА, од вкупно обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите во Бугарија доби коалицијата на ГЕРБ и Сојузот на демократските сили (ГЕРБ-СДС) со 25,37 отсто (632.097 гласови).

Продолжуваме со промените е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови), а на трето е Движење за права и слободи (ДПС) со 13,66 отсто (340.211 гласови).

По нив следуваат партијата Преродба со 10,17 отсто (253.321 глас) и коалицијата „БСП за Бугарија“, предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 9,32 отсто (232.101 глас) и блокот Демократска Бугарија со 7,46 проценти (185.753 гласа).

Под изборниот праг од пет проценти остануваат Бугарски подем на поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 4,64 проценти (115.588 гласови) и Има таков народ, која добила поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа). Опцијата „Не поддржувам никого“ ја одбрале 87.378 гласачи.

На вчерашните четврти парламентарни избори во Бугарија во последните 18 месеци, учествуваа 29 партии и коалиции. Право на глас имаа 6.600.000 граѓани.

Освен во Бугарија, Бугарите можеа да гласаат и на 755 избирачки места во 62 земји низ светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партијата на Трифонов и Каракачанов не се меѓу нив: Кои партии влегуваат во бугарскиот Парламент

Во Бугарија и по овие избори тешко ќе се формира влада: Анализа на Политико и Блумберг

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Редакција

Мажите во земјава се побројни за 3.000 од жените

Редакција

Притворот за Јанакиески за кој државата ќе плати оштета, бил оправдан, имало пропусти во жалбената постапка, велат од Кривичен

Редакција