Заклучно со вчерашните податоци, во Македонија има вкупно 5.445 случаи на заразени со Ковид-19, од кои моментално се активни дури 3.095.
Оваа бројка е поголема од најавуваниот пик од првиот бран на епидемијата, кој се проценуваше дека ќе биде со 2.000-2.500 случаи.
Здравствените власти велат дека на Македонија моментално и се случува втор бран, но за сега нема најави кога да се очекува и со колкави бројки ќе биде пикот на овој бран, ако е втор, а не „опашки„ од првиот.
Најмногу активни случаи има во Скопје, 1.785, а лидер во рамките на Скопје, но и на национално ниво е Општина Чаир, каде според последните податоци, од вчера, има 413 активни случаи.
Следуваат Тетово со 338, Куманово со 254 и Штип со 186 активни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини
Почна да се полни и болницата во Козле: Хоспитализирани 11 возрасни и 1 дете
Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот
Фото: МЗ