еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија пристигнаа уште 149 граѓани од Авганистан

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.

„Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки,“ се вели во соопштението од Влада.

До сега во земјава пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан за кои институциите прават сé да се чувствуваат безбедно обезбедувајќи им ја целата потребна поддршка и помош во текот на нивниот привремен престој во Северна Македонија, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев верува дека може да се најде решение, со бугарскиот колега Јанев разговарале и за португалскиот предлог

Редакција

Нова опрема во ГОБ „8-ми Септември“, ќе се намали чекањето за мамографија, ултразвук и томографија

Редакција

21-годишно момче загина во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Редакција