еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Македонија воведена нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење

На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

– Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем, кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност, посочи Филипче.

Овој систем, како што наведува, веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија.

-Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода, наведува министерот за здравство.

Во операцијата, како што посочува, на Филипче му асистирале неговите колеги неврохирурзи д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил екс директорот Нехат Нухи, осомничен за случајот „Онкологија“

Редакција

Коалициските партнери се оградија од ставовите на Слави Трифонов за Македонија

Редакција

Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496

Редакција