Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 6,8 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6,6 отсто, поради зголемено кредитирање кај двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.
‒ Во март 2023 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) е намалена за 1,0 отсто на месечна основа, во најголем дел поради падот на краткорочните депозити и депозитните пари, како и пад на долгорочните депозити до две години, но помал, додека готовите пари во оптек бележат раст.
На годишна основа, паричната маса оствари раст од 6,6 проценти, пред сè како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочните депозити, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти, информираат од Народна банка.
Вкупните депозити во март, како што е наведено во соопштението, забележаа месечен пад од 0,9 отсто, којшто произлегува од намалените депозити на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 6,8 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити, во март, се зголемени за 0,7 отсто и 6,6 проценти на месечно и годишно ниво, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот „домаќинства“, велат од Народна банка.
Во март годинава вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 2,2 отсто на месечно ниво, во поголем дел како резултат на падот на депозитните пари, при остварен пад и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните депозити во денари забележаа раст.
Споредено на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 5,9 отсто, како резултат на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и краткорочните депозити во денари, во услови на пад кај долгорочните депозити во странска валута.
– Кредитите на корпоративниот сектор, во март, бележат месечен раст од 0,5 отсто при годишен раст од 6,2 проценти. Анализирано по валута, растот кај двете основи е резултат на повисоките кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута, соопшти Народна банка.
Оттаму посочуваат дека депозитите на домаќинствата, овој месец, забележаа минимален месечен раст од 0,1 отсто, којшто пред сè се должи на зголемените долгорочни депозити во денари и во странска валута, при позитивен придонес и на депозитните пари, а во услови на забележан пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.
На годишна основа, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,4 осто, главно како резултат на повисоките депозитни пари и долгорочните и краткорочните депозити во странска валута.
-Во март, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,8 отсто и 6,8 проценти на месечно
и годишно ниво, соодветно. Притоа, нагорната месечна и годишна промена произлегува од растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута, се вели во соопштението од Народна банка.
Во март 2023 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е остварен месечен раст од 0,9 отсто и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,2 отсто и 11,7 проценти соодветно.
-Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 0,5 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 9,9 проценти. Во март, кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен раст од 0,4 отсто и 0,5 проценти, соодветно, додека кај негативните салда на тековни сметки е забележан месечен раст од 0,5 отсто, при годишен пад од 0,2 отсто.
Кредитите одобрени врз други основи, во март, се пониски за 2,1 отсто на месечна основа, додека на годишна основа се намалени за 16,1 проценти, се наведува во соопштението од Народна банка.