еМагазин
Image default
Бизнис

Во Негорски бањи ќе се гради модерен спа центар

Негорските бањи се подготвуваат наскоро да го реализираат веќе изготвениот проект за изградба на модерен спа центар, потврдија од менаџментот на компанијата која деновиве проектот официјално го презентираше и во просториите на општина Гевгелија.

Вакви спа центри во општина Гевгелија постојат во хотел казината „Принцес“ и „Фламинго“ во тек е изградбата на спа центар и во хотел казиното „Аполонија“ во Гевгелија, но нема во Негорските бањи каде се наоѓаат и најголемите наоѓалишта на геотермална вода.

-Нашите два извора во Негорци и Смоквица располагаат со 280 литри геотермална вода во секунда и дополнителни 200 литри во секунда како резерва од кои топлинската енергија порано се користеше за затоплување на оранжериите на некогашниот ЗИК „Винојуг“, а сега се користат само во бањскиот дел и за затоплување на хотелските капацитети, велат од менаџментот на Негорските бањи.

Бидејќи најголемиот дел од геотермалните води и топлинската енергија остануваат неискористени, од менаџментот на компанијата посочија дека одлучиле да ги следат светските искуства кои покажуваат дека токму спа туризмот претставува мошне профитабилна туристичка дејност во последните децении, поради што и тие одлучиле да се прилагодуваат на тој тренд.

-Модерните бањски капацитети во развиените европски земји повеќе не се приоритетно насочени кон барање клиентела за лекување на ревматски болести,туку на туристи за забава и рекреација на што наскоро ќе се приклучиме и ние, велат од Негорските бањи.

МИА/Фото: Фејсбук/Негорски бањи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) “Лимак Холдинг” почна со градбата на подземен булевар и мултифункциoналниот комплекс – “Diamond Skopje”

Редакција

Најмногу купи Зоран Милковски: Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит повторно купија акции на компанијата

Редакција

За 16 месеци се инсталирани фотоволтаици со моќност речиси како еден блок од РЕК Битола

Редакција