еМагазин
Image default
Македонија

Во Пехчево оздраве првиот пациент со короронавирусот, регистриран нов случај на заразен

Во Пехчево оздраве првиот пациент кој на 19 април 2020, беше регистриран како прв позитивен случај во оваа општина.

Во моментот, како што потврдија од здравствениот дом во Пехчево, има нов случај на пациент со присуство на Ковид-19, што е вкупно трет случај на вирусот.

-На големо задоволство можеме да кажеме дека првиот пациент кој пред неполн месец беше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен. Вториот пациент се уште е на лекување, така што заедно со денешниот случај во општина Пехчево има два активни случаи на Ковид-19, информираа надлежните.

Во меѓувреме, како што е потврдено од надлежните служби во Берово, 55-годишна жителка на село Владимирово е првиот позитивен на Ковид-19 во Берово.

-Истата според информациите кои ги добивме, вирусот го добила во клиниката за Онкологија и радиологија во Скопје, каде што неколку дена престојувала и се грижела за нејзиниот брат кој е тешко болен, информираа надлежните.

Моментално пациентката е хоспитализирана во инфективната клиника во Штип, со полесни симптоми на корона вирусот.

МИА/Фото: Општина Пехчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 107: Во Велес шест новозаразени со коронавирусот

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Регистриран прв случај со коронавирусот во Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13: Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска, имав подршка и од Заев и Спасовски

Редакција

МОН и СОНК се договорија: Наставниците ќе добијат зголемување на платите за 10 отсто

Редакција

Убава вест: Оздравени 442 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција