еМагазин
Image default
Македонија

Вкупно 107: Во Велес шест новозаразени со коронавирусот

Изминатите 24 часа во Велес има шест новозаболени со Ковид-19, со што бројката на регистрирани порасна на 107, информира Центарот за јавно здравје.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починал пациент од Велес на 58 години хоспитализиран на Клиниката пред една недела со тешка форма на болеста приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес, како што информира за МИА портпаролот, д-р Весна Неделковска-Николова, на лекување се 27 пациенти од кои кај 24 од нив е потврдено присуството на Ковид-19, а тројца чекаат резутати од тест.

Добра вест е што од велешката болница вчера биле испишани тројца излекувани пациенти од Ковид-19 или досега излекувани се вкупно 26 пациенти.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Регистриран прв случај со коронавирусот во Берово

Убава вест: Во Охрид и Дебрца веќе нема заболени од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Џафери поради повреда на Уставот

Редакција

Штрајкот на просветните работници ставен во мирување

Редакција

Левица поднесе кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути

Редакција