еМагазин
Image default
Македонија

Во португалскиот предлог се вклучени очекувањата и на македонската и на бугарската страна, вели Заев

Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија не среќни со предлогот на Силва и Вархеји и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, вели Шекеринска

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

Тој одговори на новинарско прашање во однос на содржината на португалскиот предлог за решавање на спорот, кој во петокот во Скопје го презентираа шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

-Португалското претседателство и министерот Аугусто Силва воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни. Кај нас рековме дека тоа е добра база и добра појдовна основа за решение. Сериозно дискутираме за предлогот, ќе продолжиме со состаноци, истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев го бендиса предлогот на Силва и Вархеји за деблокада на преговорите со Македонија

Нагласи дека се земени предвид и бугарските позиции, но повтори дека македонски јазик и македонскиот идентитет се строго заштитени.

-Ја има опфатено и бугарската страна и согласно нивните резолуции може понатаму да се разговара, заради тоа што во неколку наврати реков дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет.

Имаме документ и јас сум изненаден што членка на ЕУ, која е од другата јужна страна на европскиот континент, која не е толку блиску до Балканот и не е толку детално упатена и навлезена, беше креативна и инвентивна за да изнајде решение. Затоа рековме дека секој пат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни, истакна Заев.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двојните избори ќе ги чинат граѓаните 17 милиони евра, од кои 10 милиони се за платено политичко рекламирање

Редакција

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

Редакција

И двајца цивили се меѓу починатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово, вели доктор Нуредини

Редакција