еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

Бугарската агенција БГНЕС, повикувајќи се на свои извори тврди дека предлозите на португалското председателство за прифаќање на преговарачка рамка со Македонија се, како што пишува, апсолутно неприфатливи за Бугарија, зошто го враќале разговорот една година назад, биле во спротивност со бугарската позиција пресликана во решенијата на сите бугарски власти и поддржана едногласно од сите бугарски политички партии, пренесува Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

Захариева не го бендиса предлогот што денеска во Софија и Скопје го носат Силва и Вархеји

Предлозите, пишува БГНЕС, во пракса значат тргнување на секакви гаранции за исполнување на можните договорени работи кои се основен проблем во односите на Република Северна Македонија со Бугарија и Европската унија како целина.

Агенцијата тврди дека го има документот и објавува дел кој наведува дека е од него.

„Документот во пракса ги префрлува бугарските предлози во рамки на Процесот за стабилизација и асоцијација кој е процес во кој нема никакви оперативни решенија.

За разлика од процесот на пристапните преговори во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација на Бугарија и се одзема можноста за реагирање ако РСМ повторно не ги исполнува обврските.

Од документот станува јасно дека властите во Скопје треба да направат патоказ чие исполнување треба да се следи во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, но тоа има само козметички и неоперативен карактер“, пишува агенцијата.

Во предлогот на португалското претседателство, наведува понатаму агенцијата, се предвидува да има еднострани декларации на Бугарија и РСМ, а се предлага „РСМ да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, но тоа, како што пишуваат од агенцијата е одамна признат факт од властите во Скопје.

Понатаму, се предлага двете држави да разменат декларации за краткото и долгото име на РСМ, а како апсолутен преседан агенцијата го оценува тоа што во предлогот се зборува за црвените линии на РСМ.

Според пишувањете на бугарскиот медиуми, овој документ всушност е повторување на веќе предложеното решение од германското претседателство со Европската унија при крајот на минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хеликоптер на АРМ принудно слетал поради дефект на моторот

Редакција

Од среда портокалова фаза, температури и над 40 степени

Редакција

Заев за Бектеши: Секој со својата одговорност

Редакција