еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните 100 дена од Владата, премиер ќе биде Албанец: Заев и Ахмети договориле, Ковачевски ќе почитува

Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец на Македонија, туку сакам да останам запаметен како по реализацијата на проектите од коридорите 8 и 10-д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Во гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, Груби истакна дека кандидатот за премиер Албанец ќе го предложи лидерот на ДУИ, Али Ахмети и како што нагласи, сигурен е дека „нема да погреши во изборот“.

– Ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на албански премиер, рече Груби.

Тој вели дека со коалицискиот договор од 2020 година меѓу СДСМ и ДУИ, потпишан од тогашниот премиер Зоран Заев и Ахмети, се превидува во последните 100 дена од Владата премиер да биде личност од албанска националност.

– Во коалицискиот договор што го имаме постигнато со Зоран Заев стои во последните 100 дена тој да ја напушти Владата и да биде заменет со албански премиер, рече Груби, тврдејќи дека и актуелниот премиер Димитар Ковачевски „ветил дека договорот ќе важи“.

Изјавите на Груби следат откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на собир на ДУИ во Чаир изјави дека „за неколку месеци Албанец ќе биде премиер“ на земјава. Ваквата изјава беше протолкувана како можност за предвремени избори, имајќи предвид дека редовниот термин за парламентарни избори е идната година.

Но, според извори во СДСМ и ДУИ меѓу владините партнери не станало збор за одржување предвремени парламентарни избори.

Изворите во СДСМ оценуваат дека изјавата на Османи е во контекст на случувањата во ДУИ и порака за т.н. „огнена група“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје склучи договор со „Бауер БГ“ вреден 816,6 илјади евра

Редакција

(Видео) Масовна евакувација на туристи и жители од Родос: Пекол е единствениот збор кој ја опишува состојбата таму

Редакција

Локализиран пожарот на планината Готен, помали интервенции и на други локации 

Редакција