еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во последните десет години: Најмалку жртви во сообраќајни незгоди во 2018 година

Зад нас ја оставаме најбезбедната 2018 година, со најмалку жртви во сообраќајни незгоди во изминатите десет години. Ова го изјави Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на денешниот разговор со новинари во Скопје.

-Ако во 2017 година имаме повеќе од 150 жртви во сообраќајни незгоди во Македонија, со задоволство кажувам дека 2018 година ја завршуваме со бројка што е помала за 20 отсто, односно бројот на жртви во сообраќајни незгоди нема да го надмине бројот од 130, рече Стаменковски.

Како што посочи, споредено со 2014 година има намалување на бројот на жртви за речиси половина. Во изминатата година, информираше дека се спасени повеќе од 30 човечки животи.

Стаменковски се заблагодари на сите медиуми за поддршката што ја даваат и им подели благодарници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) LISCA советува: Откријте ги летните тајни за совршен костим за капење

Редакција

Пеколните температури ги вжештија телефоните на Итната помош: Зголемен број на колапси

Редакција

АМСМ: Врнежи од снег во Маврово, но засега не се пречка за сообраќајот

Редакција