еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена, 179 нови случаи на Ковид-19, оздравени 347, шест починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 09.09 до 11.09.2022 година) се направени 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 36 реинфекции.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите три дена пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89 година. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со заплашување нема да се добие излезност на референдумот

Редакција

За потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4% од Буџетот на државата, вели Јовески

Редакција

Чаир, Аеродром и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција