еМагазин
Image default
Бизнис

Во првото полугодие Алкалоид инвестирал 937,9 милиони денари и има 106 нови вработувања

Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 937.983.755 денари, информираа од компанијата.

-Во периодот јануари – јуни 2023 година во Алкалоид се реализирани 106 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина на нето-износот од 36.500 денари.

Групацијата Алкалоид брои 2.733 вработени, од кои 2.065 се во земјава, а 668 се вработени во подружниците во странство, велат од таму.

При извршувањето на оперативните активности Алкалоид во овој период ангажирал повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на приходите, добивката и извозот на Алкалоид во првото полугодие

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Инсталација“ го доби тендерот за градежно-занетчиски работи во затворот Идризово вреден 1,5 милиони евра

Редакција

Народната банка распродава автомобили: По багателни цени се нудат Ауди А6, Форд Мондео, Цитроен Ц4…

Редакција

„Македонијатурист“ со намалена добивка за 82 отсто

Редакција