еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во Швајцарија ќе има и затворски казни за прекумерно греење

Жителите на Швајцарија кои ќе ги прекршат најновите прописи за заштеда на енергија ќе се соочат со парични, па дури и со затворски казни во времетраење до три години, пишува швајцарскиот весник „Блик“.

Прописите за штедење енергија предвидуваат температурата во зградите што се затоплуваат на гас може да биде максимално 19 степени Целзиусови, а температурата на водата најмногу 60.

Забранети се електрични греалки, а забрането е и греење на сауни и базени.

Според портпаролот на сојузното Министерство за финансии, Маркус Спорндли, дневната казна за прекршување на овие прописи е од 30 до три илјади швајцарски франци.

Со казни ќе се соочат и комуналните претпријатија што дистрибуираат топлинска енергија доколку ги надминат доделените квоти за потрошувачка на гас.

На кантоните им е даден рок до 22 септември да ги посочат мерките за спроведување на предвидените прописи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје

Редакција

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Редакција

Има 2 нови кластери: 17 новозаболени од корона вирусот во кумановско

Редакција