еМагазин
Image default
Балкан

Во Србија почна пописот на македонските државјани

Во Србија денеска официјално почна првата фаза од пописот на македонските државјани со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните преставништва и нивните семејства и на македонската дијаспора, јави дописникот на МИА од Белград.

„Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ,“ оцени за МИА в.д. амбасадорот на РСМ во Белград, Александар Поповски.

Тој додаде дека со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина.

„Пописот на нерезидентното население е доказ за грижата за нашите граѓани во Р. Србија, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од матицата,“ додаде Поповски.

Со цел успешно одвивање на процесот на самопопишување, Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград ќе биде на располагање за какви било прашања на нашите државјани околу целиот процес, кој започна денеска и ќе трае до 21 април, соопштија од Амбасадата во Белград.

Инаку, од денеска ќе се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица.

Истовремено, од денеска па до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората кое ќе се одвива електронски, преку веб-страницата на Државниот завод за статистика.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот премиер Самарас: Договорот од Преспа не го реши проблемот, Грција даде име, идентитет и јазик

Редакција

Хрватска воведе задолжителен 14-дневен карантин за македонските граѓани

Редакција

Границата на Грција за македонските граѓани останува затворена најмалку до 3 мај

Редакција