еМагазин
Image default
Македонија

Во текот на пандемијата 446 нови вработувања во јавното здравство

Министерството за здравство информира дека минатата година реализирани се 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата.

Од почетокот 2020 година 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

„Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.

Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега,“ вели министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерство за здравство информираат дека во изминатите три години, повеќе од 5.000 согласности се дадени за вработување во јавно-здравствените установи и за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу заболени од Ковид-19 се на возраст над 60 години

Редакција

(Фото) Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган

Редакција

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел

Редакција