еМагазин
Image default
Македонија

Во терористичкиот напад во Виена загина и Неџип Вренези, кој по потекло бил од струшкото село Велешта

Во терористичкиот напад синоќа во Виена загинал Неџип Вренези, кој по потекло бил од струшкото село Велешта, јавува „Алсат М“.

Вренези бил роден во Виена, бил со австриски пасош, но редовно доаѓал во родното место на неговите родители. Последен пат бил во јуни годинава. Жителите раскажуваат дека бил добро и мирно дете и пример за околината.

„Беше многу добро дете.Таму беше родено. Неговиот татко има скоро 45 години како е во Виена. Многу добра и ценета фамилија се. Големи работници се.Тешко за фамилијата, но им посакуваме господ да им дава мир и трпение,“ раскажуваат жителите.

21 годишниот Неџип Вранези пред неколку дена го завршил служењето на воениот рок во Австрија и од утре требал да почне на ново работно место. Всушност вчерашното негово излегување според кажување на велештани било прослава за новото работно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Челопек осуда на терористичкиот напад во Виена во кој учествуваше момче со потекло од селото

Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство: Австриската полиција бара соработка со МВР за терористичкиот напад

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

Фото: news.sky.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

Заев, Димитров и Османи утре во Софија ќе се сретнат со бугарскиот премиер и претседателот Радев

Редакција

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Редакција