еМагазин
Image default
Македонија

Во тетовско со корона вирусот заразени четиримесечно бебе и четиригодишно дете

Тетовскиот регион бележи девет нови случаи со Ковид-19, од кои шест во општина Тетово и три во општина Желино, информираа денеска од Центарот за јавно здравје – Тетово. Во изминатите неколку денови е евидентиран и прв случај на бебе заразено со корона вирусот.

„Општина Желино имаше малку случаи, но најновите резултати покажаа нов кластер, три нови случаеви кои заразени поради контакт со веќе болни лица. Сите се изолирани и нивните контакти побарани и испитани, а резултатите ќе се знаат во наредните денови,“ истакна Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје Тетово.

Според Скендери новите случаи не претставуваат нови жаришта.

„Повеќето се заболени поради контакт со веќе познат заразен. Можеби ова е добра вест, бидејќи имаме веќе познати кластери од каде потекнуваат овие нови случаеви со Ковид-19. Пример најмладите се 4 месечно бебе и 4 годишно дете кои се заразиле од своите родители, ова е случај од пред два дена. Сите се асимптоматски“ рече Скендери.

Докторот потенцира дека се стабилизира ситуацијата во општина Теарце која беше големо жариште.

“Во општина Теарце има околу 35 случаеви. Внатре во село Теарце сега се најмногу од новите, а претхдно имаше повеќе случаи во село Слатино. Сите нови случаи се контакти на веќе заболени и така нема нови кластери“, рече Скедери.

Во текот на вонредниот скринингт на опфаќање на луѓе преку матичните лекари се земени над 200 брисеви, но се уште се чекаат нивните резултати.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има и матични лекари кои не веруваат во корона вирусот, не ги пријавуваат пациентите за тестирање и ги лекуваат дома

Детален преглед на заразени со корона вирусот во Тетово и тетовско

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на жртвите од „Монструм“: Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012

Редакција

Собранието не го усвои предлогот по скратена постапка да се носат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Редакција

Учениците денеска се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие

Редакција