еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во Турција регистрирани 648 последователни земјотреси

По разорниот земјотрес од понеделникот во Турција, со магнитуда на ударот од 7,8 степени според Рихтеровата скала,  досега во земјата се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јави агенцијата Анадолија.

Воспоставен е и воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 8.400

Потресно видео од девојче кое го штити братчето под урнатите по земјотресот во Сирија го обиколи светот

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако застанеме со Законот за легализација на дивоградби ќе треба да рушиме 50.000 домови, рече Заев

Редакција

(Фото) Стопанска банка АД – Скопје одбележува почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја

Редакција

Звучни имиња и фирми на новата листа на должници на УЈП

Редакција