еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Украина досега убиени најмалку 10.000 цивили, од кои 500 се деца

Високиот комесаријат за човекови права при ОН (ОХЦХР) соопшти дека речиси 10.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина.

Новиот извештај објавен вчера потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Во извештајот се наведува и дека досега се убиени 500 деца, но се додава дека вистинската бројка на загинати е веројатно многу поголема.

ОХЦХР потенцира дека бројките не се целосни, бидејќи недостасуваат податоци од бројни региони, а тоа особено се однесува на градовите како што се Марупоље Лисичанск или Северодонецк, кои беа окупирани од руските војници по долг период на тежок конфликт, па затоа е потешко да се добие информации и бројки. Се стравува дека во Киев се убиени повеќе Украинци отколку што покажуваат официјалните податоци.

Според податоците со кои располага ОН, огромното мнозинство луѓе, од кои 7.339, загинале во областите на Украина кои беа гранатирани од Русија и кои ги бранеше украинската армија. Во регионите окупирани од руските воени сили беа убиени 2.105 лица.

Во завојуваните области Доњецк и Луганск на истокот на земјата, има значително повеќе жртви од двете страни на линијата на фронтот отколку во главниот град Киев, во централна и западна Украина.

Извештајот на ОН покажува и дека повеќе цивили биле убиени во првите месеци од војната. Според податоците на ОН, меѓу 170 и 180 цивили умреле месечно во пролетта и летото 2023 година.

МИА/Фото: Украинско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фајзер/Бионтек“ уверени во ефикасноста на својата вакцина и против индиската мутација

Редакција

Нови 51 случаи на Ковид-19 од 4.060 тестирања

Редакција

Ковачевски без коментар за внукот на Ахмети, кој го купува бизнис центарот „Соравиа“

Редакција