еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вчера низ Македонија изгаснати 18 пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера на територијата на земјава имало вкупно 19 пожари, од кои 18 се изгаснати, а еден е локализиран.

Од пожарите кои се изгаснати четири беа во кумановските села Романовце, Слупчани, Пчиња и Љубодраг, а два во селата Дебреште и Кошино во Општина Долнени.

Како што извести ЦУК, во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожари и во селото Радуша во Општина Сарај, на ул. “Скупи“ во Општина Карпош, во парк шумата Гази Баба во Општина Гази Баба, во селото Трап во Општина Битола, во селото Могиола во Општина Могила, во селото Д.Бела Црква во Општина Ресен, во селото Ораовица во Општина Радовиш, на местото Овчка Река во Општина Кавадарци, во селото Росоман во Општина Росоман, во селото Желино во Општина Желино, во селото Крлански Мост во Општина Виница, како и во селото Бериково во Општина Кичево.

Центарот за управување со кризи информира дека е локализиран пожарот во селата Соколарци и Жиганци во Општина Чешиново – Облешево, каде гори ниска вегетација нискостеблеста шума. 

Противпожарните екипи, авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптери на МВР, вчера доцна попладне, успеаја да го стават по контрола пожарот кај селото Соколарци во Општина Чешиново – Облешево.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе се поднови со три моторни возила

Редакција

Од 15 ноември за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе се бара сертификат за две дози вакцина

Редакција

(Фото) По иницијатива на дизајн-сцената се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција