еМагазин
Image default
Локално

Во Вардар кај село Кочилари пронајдено тело на 77-годишен велешанец

Седумдесет и седум годишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.

Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10.00 часот.

Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

76-годишно лице настрада во пожар во стан во Аеродром

Редакција

Двајца се затвореници: Уапсени четири лица за пукањето во Чаир

Редакција

Изгоре 58-годишен маж во пожар во куќа во Кривопаланечко

Редакција