еМагазин
Image default
Локално

Во Велес вработен во обезбедувањето на казино физички нападнат со остар предмет

Синоќа околу 21.30 часот во СВР Велес било пријавено дека вработен во агенција за обезбедување, додека бил на работното место во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од Д.С. од Велес.

Како што појасни Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција при СВР Велес, лицето не сакало да стави заштитна маска при влез во казиното.

Според пријавеното, напаѓачот  Д.С. употребил и остар предмет, но лицето од обезбедувањето го одбило нападот.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, појаснува Каракулев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 45-годишна жена и се слошило и починала во автомобил на автобуска постојка во Аеродром

Редакција

Несекојдневен случај во Тетово: Автоматска пушка пронајдена во контејнер

Редакција

МВР притвори опасен измамник: „Купил“ 17 возила, никогаш не ги дал парите

Редакција