еМагазин
Image default
Локално

Во Тетово семејно насилство врз сопруга, употребен и остар предмет

Дваесет и четири годишна тетовка пријавила семејно насилство од сопругот што се случило на јавен простор пред угостителски објект. Таа пријавила дека сопругот користел и остар предмет.

„Дваесет и четиригодишна тетовка вчера во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа, во близина на угостителски објект во централното подрачје на Тетово, била физички нападната од нејзиниот 31-годишен сопруг.

Според пријавеното, напаѓачот употребил и остар предмет. Набрзо, пријавениот сопруг лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Крадец влегол маскиран со чаршав во кафе-бар во Јанчиште, бил снимен од камера за видео-надзор

Редакција

Татко и неговиот малолетен син повредени при пукање на свадба во Охрид

Редакција

Продуцентите на „Балканска приказна“ демантираат дека е нивно возилото што пропадна на плоштад „Македонија“

Редакција