еМагазин
Image default
Македонија

Во Врање досега ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на Босна и Херцеговина (БиХ).

Што се однесува до втората доза, неа во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани, 32.416 српски и 13 граѓани на БиХ. Трета доза во Врање досега е дадена на вкупно 7.733 лица.

Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм и тоа вкупно 62.711 пати за сите три дози (прва доза 28.965, втора 28.122 и трета 5.624). Потоа следи Фајзер, кој бил аплициран во вкупно 29.439 случаи (прва доза 15.139, втора 12.755 и трета 1.545), па руската Спутник В дадена во 6.999 дози (прва 15.139, втора 3.146 и трета 571).

АстраЗенека, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).

Инаку, вчера во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Северна Македонија.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за Груевски во интервју за БИРН: Само еден човек не може да го организира бегството

Редакција

Убава вест: 1.140 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ги сакаме Македонците и македонскиот јазик и не мислиме дека не постоите, порача Вучиќ од Прохор Пчински

Редакција