Град Скопје, заедно со градските културни институции, објави јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.
„Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги изгубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом“, соопштија од Град Скопје.
Ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до 2 часа за кои техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, како и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца во времетрење до 2 часа.
Предност ќе имаат уметници/творци/артисти кои во овој период немаат ангажмани и не се вработени. Нема ограничување на возраст, а услов е да имаат место на живеење во Скопје.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари.
Повеќе детали ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час
Зошто кај нас процентот на здравствени работници заболени од корона вирусот е висок
(Галерија) Смешната страна на „корона-кризата“ и карантинот
Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот