еМагазин
Image default
Македонија

Воено-медицински персонал и пулмолози ќе им помагаат на епидемиолозите и инфектолозите

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека воено-медицински персонал ќе им помага на епидемиолозите на терен.

Тој додаде дека четири екипи на стручни лица од воено-медицинскиот центар ќе земаат на терен контролни брисови, имајќи предвид дека на голем број на лица им завршува самоизолацијата.

На инфектолозите пак во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника ќе им помогнат пулмолози и 10 медицински сестри. Оттука нормализацијата на работата на клиниките ќе се пролонгира за една недела.

„Ротацијата на персонал од другите клиники, овозможува во клиниките каде што се третираат заболени од корона вирусот, да се одвива непречено,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три родилки кои дале лажни податоци ставија 18 вработени од болницата во Чаир во изолација

Во болницата во Битола нема повеќе место, заболените од корона вирусот ќе се препраќаат во Охрид

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со 5 евра

Редакција

Обвинителството за бегството на Груевски: До овој момент, нема виновни, само некои пропусти на институциите

Редакција

Бројот на здравствени работници во Македонија, заболени со коронавирусот порасна на 20

Редакција