еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вонредни инспекциски надзори во „Жан Митрев“, во среда детали за случајот

Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“, а Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.

– Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

– Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок.

Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. Министерството за здравство и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации.

И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали.

Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали.

Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај.

– Во РС Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има, порача Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реакција од Клиниката Жан Митрев: Фабрикувани информации насочени кон креирање на лажна слика за работата на болницата

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

Ахмети тврди дека спорот со Бугарија ќе се реши пред тамошните парламентарните избори

Редакција

(Видео) Уште девет лица уапсени за сексуалната злоупотреба на малолетничката од Велес

Редакција