еМагазин
Image default
Локално

Возач на трактор почина по судар со „Голф“ на патот Струга-Дебар

На 18.09.2019 во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко, информира МВР.

о незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: По пад од трактор почина 6-годишно дете од Делчево

Редакција

Македонски вестерн: Вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово

Редакција

Почина 20-годишен радовишанец, му се слошило откако го уапсиле за поседување марихуана

Редакција