Возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата во која загинаа 45 лица на автопатот Струма, е заклучокот на бугарските истражители.
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов за Дневник.бг.
Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.