еМагазин
Image default
Локално

Возило со српски регистарски таблички излетало пред граничниот премин Богородица, повредени две деца и жена

Синоќа во 23:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1 во близина кај Граничен премин Богородица, патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Д. (58) од Република Грција, со живеалиште во Република Србија, излетало од патот, информираат од МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К. (45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија,“ се вели во билтенот на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иницијатива за почит: Лопати во раце и итно пошумување на опожарените површини кај Велес

Редакција

Земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Редакција

Починат пронајден 32-годишен гостиварец во неговиот дом

Редакција